насловна за МСКФ контакт регистрација за натпревари english
Правилници Пријави Календар Локалитети Комисии Репрезентација
Kevin Durant Shoesnike shox running shoesbasketball shoesAir force 1 shoesMoncler vestsdiscount Monclermoncler jacketsMoncler sale UGGcheap ugg boots
Следи

ПОГЛЕДНИ!!!

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

 

 

 
НАЈНОВИ Вести

12.12.2011

Среќна Нова Година и Божиќни празници


Македонската Спортско Качувачка Федерација ви посакува Среќна Нова Година и Божиќни празници. Многу качување и следната година.

топ
26.12.2011

Резултати од државното првенство во болдер во Битола



Во Битола на 18.12.2011 се одржа Државното првенство во спортско качување во дисциплината болдер. Најуспешни беа Штипјаните со две први места. Секоја чест за Штип и качувачкиот клуб Астибо, традицијата продолжува !!!

Исто така благодарност на домаќинот спортско качувачкиот клуб Вертикал од Битола, за релаксираната атмосфера и скромната но успешна организација.

Резултатите се следни:

Деца

1. Смилков Павел КК,,Астибо’-Штип
2. Трповски Виктор СКК ,,Екстрем “ –Скопје
3. Смилков Давор

Сениори
1. Ване Наунов КК,,Астибо’’-Штип
2. Горазд Николоски КК,,Вертикал’’-Битола
3. Кире Серафимовски КК,,Но-Лимитс’’ Струмица

топ
12.12.2011

Државно првенство во болдер, 18 Декември 2011, Битола


топ
29.09.2011

Качувачки фестивал 7, 8, 9 Октомври 2011


топ
22.09.2011

Балкански качувачки камп, МЕТЕОРА 15, 16, 17 и 18 Септември 2011


Во организација на Грчката Федерација за планинарство, алпинизам и спортско качување во Метеора се одржа Балкански качувачки камп, на кој истовремено се одржа и редовен состанок на новоформираната Балканска Планинарска Унија, на која е претседател Јовица Угриновски.

На кампот покрај домашните качувачи кои беа повеќе од 100 наврски, учество земаа Македонија, Турција и Босна и Херцеговина. Се качуваше на старите и новоотворени насоки на карпите на Метеора.

Македонскиот тим го сочинуваа Владимир, Здравко, Кире, Греет Јансевска, Моте, Вања, Томи, Душица и Димитар. Беа искачени повеќе од 30 насоки. За пофалба е искачување 3 насоки со поголема тежина од 7-, тежина која не е така наивно да се искачи на Метероите, кога ќе се земе во предвид дека клиновите се на растојание до 7м па и повеќе.

Покрај качувањето, се одржа и презентација од страна на нашиот јужен сосед на презентираа нивни искачување на Еверест, искачување на десега неискачен врв во Пакистан и зимско искачување на 8 члена екипа на северната страна на Ајгер.

Покрај ова мораме да напомене дека во по вечерните часови во петокот и неделата главен аспект имаа натпреварите од Европското Првенство во кошарка, на кои покраја нас гласните Македонци ни се придружија ( да не веруваш) и дел од грците, кои навиваа за Македонскиот кошаркарски тим.

Како за крај мораме да напомене дека Матеора е идеално место за мулти должинско качување, каде има насоки за сите категории качувачи, а ние Македонците од локалците сме почитувани и респектерна од причина што наназад од 1996 година сме редовни посетители и качувачи кои се докажале со своите искачувања.

топ
16.09.2011

УИАА Спортско качувачки камп Македонија


Во периодот од 21 до 29 Август бевме организатори на Младинскиот камп за спортски качувачи. Кампот е во склоп и под покровителство на УИАА младинската комисија која се грижи за омосовување на планинските спортови во светот.

Овој камп стана традиција кај нас и се одржува по трет пат. За жал првичната идеја на кампот беше да биде стациониран во кампот Градиште, а качувањето да биде во Зли Дол. Поради затворање на Зли Дол од страна на Националниот Парк Галичица, кампот се одвиваше низ цела Македонија. Започна со Матка, потоа Демир Капија, па Охрид прошетка, па Прилеп и продолжи со заедничко искачување на Метеорите.

Учесници на кампот беа 6 (3 женски и 3 машки) качувачи од Кореа од Кореанската Федерација.

Беа искачени 30 насоки со тежина од 6а до 8а и плус мулти должински насоки во Метеора. После 4 години пауза беше искачен Спинделот на Метеора, насоката Виа Скорпијон со тежина VII-.

Дружењето и размената на искуствата вродија идеја за организирање Македонска Кореанска експедиција.

Голем поздрав до учесните на овој камп како од Македонија, така и од Кореа и до нашиот секретар од старата Федерација.

топ
14.09.2011

Натпревари лето 2011


Македонската спортско качувачка репрезентација ова лето беше активна и зема учество на повеќе меѓународни натпревари. Пред тоа се остварија планираните тренинг подготовки на новата вештачка карпа и на природна карпа во Демир Капија и Охрид. Слободно можеме да кажеме дека влегуваме во оној дел од спортско качување каде се размислува и тренира врвно и професионално, како натпреварувачи, тренери и инструктори. Голем удел во тоа има и осомостојувањето на спортското качување како федерација од ФПСМ и изградбата на новата вештачка карпа во Скопје-спортско качувачки стадион Вардар.

Иако младинец Ванчо Наунов ја преставуваше Македонија на светското Првенство во Арко и беше еден од најмладите учесници со 16 години. И покрај не доволните подготовки заради опоравување од повреда, сепак Ванчо постигна задоволителен резултат поготово во делот Брзинско качување.

Пред да се отпатува на првенството во Арко, кое се одржуваше од 14 до 24 Јули, нашата младинска репрезентација зема учество на Балканското болдер пренство во Килифарево, Бугарија, потоа на Европскиот куп во Петзен, Австрија, потоа на подготовки во Марсеј и Каланг, Франција, потоа во Финале ди Лигуре, Италија.

Подолу се резултатите од учеството на натпреварите:


Килифарево, Бугарија 18-19 Јуни - Балканско Превенство во Болдер

Резултати:

машки 2002-2004машки 2000-2001машки 1996-1997
10 место Давид Трповски5 место Виктор ТрповскиЛеон Огњановски
машки 1994 -1995женски 1994 – 1995мажи сениори
2 место Ванчо Наунов6 место Елена Ивановска18 место Кире Серафимовски


Петзен Трофи, Австрија 9 -10 Јули – Европски Куп за деца и млади од 7 до 19 години

Резултати U10 (машки 2002 – 2004)

18 место Давид Трповски во Тежинско, 21 место во Болдер и 23 место во Брзинско од 27 натпреварувачи.

Резултати U10 (машки 2000 – 2001)

11 место Виктор Трповски во тежинско, 10 место во Болдер и 18 место во Брзинско од 29 натпреварувачи.

Резултати U10 (машки 1992 – 1995)

9 место Ванчо Наунов во Тежинско, 8 место во Болдер и 6 место во Брзинско од 17 натпреварувачи.

Арко, Италија 14-24 Јули – Светско Првенство

Ванчо Наунов 129 место во тежинско и 63 место во Брзинско. Само за информација Адам Ондра беше 70 место во Брзинско.

топ
20.07.2011

Рок Трип, Охрид 2011


Подигање на картончињата во сабота 09.08.2011 на пољаната над Св.Никола

Прашања можете да поставите на нашата facebook страница

топ
10.05.2011

Атомска Мравка 2011


топ
05.07.2011

Извештај за периодот Април, Мај и Јуни 2011 година


Во овој изминат период Федерацијата имаше доста активности како што се привременото отворање на новата вештачка карпа лоцирана во Карпош IV, покрај кејот на реката Вардар, наречена спортско качувачки стадион “Вардар“, поставувањето насоки за качување и тренирање на нашата младинска репрезентација, гостувањето на Сташа Гејо од Србија, минатогодишниот Светски првак до 14 години на нашите тренинзи, организацијата на Атомска Мравка купот за деца до 14 години и младинското првенството на југо источна европа, учество на Отвореното првенство на Србија во спортско качување во Ниш и учество на Балканско првенство во болдер за младинци и сениори во Килифарево, Бугарија.

Организацијата на Атомска Мравка купот за деца до 14 години и младинското првенството на југо источна европа, спортски хепенинг на кој Федерацијата се покажа како одличен организатор иако поминаа 10 години од последното организирано Балканско првенство на Машински факултет. Учествуваа Македонија, Србија, Бугарија, Грција, Романија и Русија. Имаше 107 натпреварувачи во сите категории.

Нашите ги освоија следните медали:

  • Стефан Петровски 2 место во брзинско во категорија 2001/2002 годиште.
  • Стефан Петровски 3 место во тежинско во категорија 2001/2002 годиш.
  • Виктор Трповски 2 место во тежинско во категорија 1999/2000 годиште.
  • Стојанова Мирјана 5 место во тежинско во категорија 1999/2000 год.
  • Леон Огњановски 3 место во тежинско во категорија 1996/1997 годиште.
  • Марио Минчевски 2 место во тежинско во категорија 1994/1995 годиште
  • Ванчо Наунов 3 место во тежинско во категорија 1994/1995 годиште
  • Елена Ивановска 3 место во тежинско во категорија 1992/1993 годиште.
  • Горазд Николовски 2 место во тежинско во категорија 1992/1993 годиште.
повеќе...

Во Србија на Отвореното првенство ги постигнавме следните резултати:

  • Давид Трповски 3 место во тежинско и брзинско во кат.2001/2002 годиш.
  • Виктор Трповски 1 место во тежинско и брзиснко во кат.1999/2000 годиш.
  • Леон Огњановски 3 место во тежинско во кат.1996/1997 годиште.
повеќе...

Во Килифарево на Болдер првенството

  • Давид Трповски 10 место во кат.2001/2002 годиште
  • Виктор Трповски 4 место во кат.1999/2000 годиште
  • Леон Огњановски 6 место во кат.1996/1997 годиште.
  • Ванчо Наунов 2 место во кат.1994/1995 годиште.
  • Елена Ивановска 6 место во кат.1992/1993 годиште.
  • Кире Серафимовски 18 место во сениорска категорија
повеќе...

топ
10.05.2011

Атомска Мравка 2011


топ
28.04.2010

Велигденски качувачки маратон - Демир Капија - Резултати


Рок трип е натпревар во спортско качување на природна карпа. На рок-трипот во Демир Капија беа постигнати следниве резултати:

I место:
Наврска Томи и Ичи со 33 искачени насоки и 2840поени.

II место:
наврска Моте и Марјан со 33 искачени насоки и 2815 поени.

III место:
наврска Марјан и Греет со 7 искачени насокиа и 765 поени.

Секоја насока носи одредени поени. Колку е потешка насоката толку се поголеми поените.

Атмоцферата беше одлична и покрај ветерот кој не оддува за време на целото качување, но сепак мотивот и желбата да се качува беше над се.


Браво за организаторот Кире и Билјана Серафимовски !

топ
31.03.2011

КРАЛИ МАРКО, Болдер собир, Прилеп.


И те каков собир!!! Со 53 учесници и тоа активни учесници, овој болдер собир беше најмасовен во историјата. Покрај Македонците имавме 8 болдераши од Србија, еден Француз и една Германка.

Организаторот СКК “Златоврв“ од Прилеп на чело со доајенот Христо Белокапа, потпомогнат од Прилепска Пивара, не дочекаа, не водеа и не испратија домаќински Прилепски.

Се качуваше во регионот на Камена Баба. Се пробуваа и се освојуваа болдер проблемите направени од Словенците и од Прилепчани и Битолчани. Беа искачени повеке од 30 болдер проблеми со тежина од FB5a до FB7b. Во вечерните часови имаше егзибициони журки предводени од Томи Агрегат.

Се на се, се се одвиваше во одлична пријателска атмосфера. Импресиите се големи и незаборавни. Довидување до догодина !!!

топ
19.03.2011

СОБИР НА ИНСТРУКТОРИ


топ
19.03.2011

ПОТСЕТНИК!!!


Корисно и убаво - потсетник за сите спортски качувачи: тука. Може да го најдете и лево на почетната страница.

топ
03.03.2011

Државен куп во болдер РЕЗУЛТАТИ


Иако со мало задоцнување поради технички причини ви ги објавуваме резултатите од болдер купот:

МАЖИ
1. Марио Минчевски СКК,,Вертикал“-Битола
2. Горазд Николовски СКК,,Вертикал“-Битола
3. Томислав Јордановски СКК,,Екстрем“-Скопје

ЖЕНИ
1. Ана Радевска Тримовска СКК,,Екстрем“-Скопје
2. Елена Ивановска СКК “Вертикал “ Битола
3. Марија Трајкова КК,,Астибо’’-Штип

ДЕЦА
1. Леон Огњановски СКК “Екстрем“ Скопје
2. Виктор Трповски СКК “Екстрем“ Скопје
3. Давид Трповски СКК,,Екстрем“Скопје

Честитки до победниците и благодарност до судиите и организаторите!

топ
25.02.2011

Државен куп во болдер 26.02.2011


Место на одржување: Болдер вежбална „Даре Џамбаз“

Отварање изолациона зона:

Затварање изолациона зона: 11.30ч

Оглед на насоките: 11.45ч

Старт за сите категории: 12ч

Крај за сите категории: 14ч

Прогласување на победници: 14.30ч

Напомена:
Натпреварот е замислен да биде БОЛДЕР МАРАТОН, што значи дека ќе качуваат сите категории на сите насоки истовремено, без ограничуванје на бројот на обидите на секоја насока.

топ
25.01.2011

Календар на активности за 2011 година..



Кликнете тука за да го погледнете Календарот на активности за 2010 година
   
топ
30.12.2010

СРЕЌНА НОВА 2011 ГОДИНА И СРЕЌНИ БОЖИЌНИ ПРАЗНИЦИ !


топ
21.12.2010

БОЛДЕР првенство во ШТИП 26.12.2010


Чест ми е и задоволство да ве поканам на овогодишното болдер првенство кое ке се одржи во Штип.

Воедно болдер првнеството ќе биде и отворање на болдер вежбалната во Штип.

Затоа ве покануваме да спортуваме, да се натпреваруваме, да се дружиме 26.12.2010 година.

На ваков свечен начин ќе ја затвориме овоодишната сезона на натпреварување.


Програма :

10:00ч – Старт Јуниори

11:30ч - Старт Сениори и Ветерани


14:00ч - Финале Јуниори

13:30ч - Финале Сениори и Ветерани


Болдер вежбалната се наоѓа во старите простории каде што беше седиштето на ПК Лисец во Штип.

топ
26.11.2010

Сектор ВАРДАРСКА САХАРА


По 29 дена заврши патешествието на Александар Кленов во Македонија. Се работеше, се качуваше, се презентираше.

Со негова помош и со македонските ентузијасти за нови насоки, Кире и Владо, се отворија нови 21 спортско качувачки насоки. Сега имаме уште еден нов качувачки сектор во Демир Капија, а тоа е секторот Вардарска Сахара, кој е југозападно ориентиран и е идеален зимски качувачки сектор. Должината на насоките е од 25 до 50м. На крајот од насоките се поставени по 2 матица челични карабинери. Приодот е краток и е од паркингот пред тунелот Демир Капија. Тежината на насоките е од 5с до 7с+.

Па навалате народе, на качување на напредување !!!

топ
18.11.2010

Фото и видео презентација


топ
04.10.2010

Качувачки фестивал - Демир Капија


топ
27.09.2010

Извештај од семинарот и собрирот за спортски качувачи - инструктори


Викендот 18-19 Септември во Демир Капија се одржа семинарот и собирот за инструктори. Целта на семинарот и собирот беше инструкторите да ги споделат своите искуства со останатите колеги, а воедно и со кандидатите за иструктори, нивни идни колеги.

На семинарот ја потврдивме практиката за унифицирање и стандардизирање на обуката за спортски качувач во цела Македонија, со која започнавме минатата година.

На семинарот учествуваа кандидатите за инструктори:

1. Ивица Јовановски
2. Маја Петровска
3. Александар Спасески
4. Христо Белокапоски
5. Здравко Петровски
6. Вања Атанасов
7. Стефан Лицовски

Семинарот помина успешно и програмата за работа која беше предвидена беше исполнета.

Освен кандидатите за иструктори, како дел од собирот, иструкторите имаа можност да ги дознаат новитетите во опремата за спортско качување и новите методологии за работа со деца и почетници.

Полагањето за назив „Спортски качувач инструкор“ ќе биде дополнително закажано.

топ
19.08.2010

Резултати од болдер натпреварот во Охрид


Во саботата на 14.08.2010 на плажата Кадмо во Охрид се одржа болдер натпревар

На натпреварот учествуваа натпреварувачи од Македонија и странство. Местачи на насоките беа домаќините на болдерот кои направија 4 насоки за мажи и 4 насоки за жени.

Резултатите се следниве:

Резултати мажи:

1.Ване Наунов - КК Астибо, Штип
2.Марјан Киндалов - СКК Ехтрем, Скопје
3.Горан Кузмановски - СКК Вертикал, Битола

Резултати жени:

1.Елена Ивановска - СКК Вертикал, Битола
2.Ѓузин Билген - Истанбул, Турција
3.Маја Петровска - СКК Ехтрем, Скопје

Натпреварот беше следен од многубројна публика и беше медиумски покриен. За најдобрите натпреварувачи имаше и награди.

топ
17.08.2010

ПРЕЗАКАЖАН собирот и семинарот на спортски качувачи инструктори


Семинарот/собирот за/на спортски качувачи инструктори го презакажуваме за првиот викенд, 4-5 Септември, во Демир Капија.

На сите оние кои се веќе пријавени за семинар, пријавата им важи. Останатите кои сакаат да учествуваат да испратат пријава најдоцна до 27 Август.

Пријавувањето како и секогаш оди преку клубовите членки на МСКФ, кои и го имаат целиот распоред на собирот.

топ
27.07.2010

РОК МАРАТОН, 01 Август 2010, Охрид


топ
15.06.2010

СОБИР И СЕМИНАР НА СПОРТСКИ КАЧУВАЧКИ ИНСТРУКТОРИ


На 26 и 27 Јуни во Охрид, ќе се одржи собир на веќе стекнати со лиценца инструктор спортски качувач и воедно семинар за сите нови кандидати за инструктори.

Пријавувањето оди преку клубовите членки на МСКФ кои и го имаат целиот распоред на собирот.

топ
01.06.2010

Државен куп во спортско качување


?Место на одржување: Вештачка карпа СРЕДНО ВОДНО,Водно,Скопје
?Датум на одржување: 19 Мај 2010/сабота/
?Дисциплини и категории на натпревар: Тежинско и Брзинско, деца, жени и мажи
?Регистрација и отварање на изолациона зона: 9.30 часот.
?Затварање на изолациона зона: 10.45 часот
?Оглед на насоки: 10.55 часот
?Старт на полуфинале: 11 часот

Последователно по завршување на полуфиналете, по 30 минути стартува финалето за деца и жени на левата карпа.

По завршување на финалето за деца и жени, се мести насока за финале мажи.

По завршување на финалето Тежинско, стартува Брзинското.

И за крај: Прогласување со прослава по повод 13 години постоење на клубот Екстрем

топ
27.04.2010

Балканско Првенство во спортско качување, 23-24 Април 2010 година, Волос, Грција


Балканското првенство во спортско качување за сениори, јуниори и деца се одржа во добра познатата сала во Волос, Грција каде што има монтирано вештачка карпа тежинско и брзинско качување.

Покрај домаќините Грците беа присутни и Бугарија, Србија и нормално најдобрите Македонија. Заради веќе познатите политички фрустрации, сите земји учеснички заеднички решивме да не настапуваме со национални дресови за да не дојде до уште поголеми фрустрации кои може да кулминираат до неспортски настани.

Нашата Македонска репрезенатација настапи со следниве спортски качувачи и ги освоија следните места:

Цицибани ?Во водство:
1. место ?Стефан Петровски
2. место ?Давид Трповски

Деца Б машки ?брзинско:
1. место ?Ванчо Наунов

Деца Б машки ?Во водство:
12. место ?Ванчо Наунов

Деца А ?Во водство:
1. место ?Марио Минчевски

Деца А женски ?Во водство:
2. место ?Елена Ивановска

Мажи ?Во водство:
5. место ?Николчо Петровски

Мажи ?брзинско:
2. место ?Николчо Петровски
3. место ?Ивица Јовановски

На натпреварот учествуваа 87 натпреварувачи во сите категории!

топ
20.04.2010

SOUTH - EAST EUROPE COMPETITION 2010 VOLOS ?ALMYROS (GRE)


Во петок и сабота 23 - 24-ти Април во Волос, Грција, ќе се одржи натпревар во качување за земјите од Југо-Источна Еворпа.

Како и секоја година и оваа нашата репрезентација ќе учествува на натпреварот. Репрезентацијата ќе биде во состав:

1.Никола Петровски
2.Горазд Николовски
3.Иван Алушевски
4.Марио Минчевски
5.Елена Ивановска
6.Ванчо Наунов
7.Виктор Трповски
8.Стефан Петровски

На нашите натпреварувачи им посакуваме голем успех на натпреварувањето. Стегаме палци за вас!!!

топ
26.03.2010

Првенството во болдер за сениори на Југоисточна Европа


топ
16.03.2010

Болдер маратон - Крали Марко - Прилеп


топ
02.03.2010

Поткровјето се отвори за првиот овогодишен натпревар во болдер


Значи болдер катакомбата Џамбаз, беше дувло на најдобрите болдераши од Македонија во неделата 28 февруари 2010 година.

Иако немаше голем број спортски качувачи од причина што сеуште се во зимски сон, кој немаат спортска преглед, па членарина, па маркица, сепак ова беше будење за сите и вест дека почна МКД спортско качувачка лига.

Нашите вредни местачи од СКК Екстрем, Владо, Марјан Киндалов, МОТЕЕЕЕ, со помош во лет без слетување од Лиде, Ичи и Томи, направија 25 насоки од по 7 до 15 движења. Стазите беа со оцена од 6а+ до 8а, каде е беше вметнат секаков стил на качување.

Најдобрите беа Битолчани, а меѓу најмладите Скопјани.

Значи Горазд Николовски растури, па Марио Минчевски, па Гого Јовановски, кај женсkите Елена и кај децата Виктор.

Како и да е, супер искуство беше Болдер маратонот и има интерес за него. Па може да го повториме!!!

топ
22.02.2010

Стартува Државната Лига во спортско качување


ДРЖАВЕН КУП - БОЛДЕР МАРАТОН, 28 февруари 2010, Скопје

Место на одржување: Болдер вежбална “Џамбаз?-Даре Џамбаз, поткровје, Скопје.

Регистрација: од 08.30 до 09.45 часот(за регистрација е потребно членска книшка од ФПСМ со маркцица од 2010 година, печат од спортска медицина за 2010 година, платена натпреварувачка лиценца за 2010 година)

Старт: 10 часот ?ќе бидат поставени обележано 20 до 3о насоки. Секој натпреварувач ќе има натпреварувачко картонче во кое ќе ги запише искачените насоки и своите обиди. Оној натпреварувач кој ќе има највеќе искачени насоки е победник.


Kraj: 15.00час ?крај на дозволонето време за качување.

Прогласување на победниците!

топ

 

 
Линкови/LINKS








 

Copyright © 2005, All rights reserved