Државно првенство - водство и болдер натпревари, Скопје и Битола 2018

Државно првенство - водство и болдер натпревари, Скопје и Битола 2018

Во организација на СКК Капрош Скопје, се одржа првиот Болдер и во Водство натпревар како дел од Државната лига во спортско качување. Двата натпревари се одржаа во еден ден, за кое му честитаме на организаторот.

Натпреварот во Водство се одржа на Спортско Качувачкиот стадион Карпош во Скопје и се качуваа по две насоки со тежина од 6а+ до 7а+. Не можеме да кажеме дека еден клуб беше наујспешен бидејќи во сите категории доминираа натпреварувачи од сите клубови учесници. По завршување на Водство дисциплината, со почеток во 16.00 часот се одржа Болдер натпреварот во Болдербар Скопје. Беа поставени 22 насоки и на принцип на маратон со време од 90 минути сите категории ги искачуваа на насоките. Повторно првите места беа резервирани за натпреварувачи од сите клубови учесници. Резултатите од трите натпревари се објавени на официјалната ранг листа.