насловна за СКА контакт регистрација за натпревари english
Правилници Пријави Натпревари Локалитети Упатства Галерија
Следи

ПОГЛЕДАЈ!!!

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

 

 

 
НАЈНОВИ Вести

19.08.2010

Резултати од болдер натпреварот во Охрид


Во саботата на 14.08.2010 на плажата Кадмо во Охрид се одржа болдер натпревар

На натпреварот учествуваа натпреварувачи од Македонија и странство. Местачи на насоките беа домаќините на болдерот кои направија 4 насоки за мажи и 4 насоки за жени.

Резултатите се следниве:

Резултати мажи:

1.Ване Наунов - КК Астибо, Штип
2.Марјан Киндалов - СКК Ехтрем, Скопје
3.Горан Кузмановски - СКК Вертикал, Битола

Резултати жени:

1.Елена Ивановска - СКК Вертикал, Битола
2.Ѓузин Билген - Истанбул, Турција
3.Маја Петровска - СКК Ехтрем, Скопје

Натпреварот беше следен од многубројна публика и беше медиумски покриен. За најдобрите натпреварувачи имаше и награди.

   
топ
17.08.2010

ПРЕЗАКАЖАН собирот и семинарот на спортски качувачи инструктори


Семинарот/собирот за/на спортски качувачи инструктори го презакажуваме за првиот викенд, 4-5 Септември, во Демир Капија.

На сите оние кои се веќе пријавени за семинар, пријавата им важи. Останатите кои сакаат да учествуваат да испратат пријава најдоцна до 27 Август.

Пријавувањето како и секогаш оди преку клубовите членки на СКА, кои и го имаат целиот распоред на собирот.

   
топ
27.07.2010

РОК МАРАТОН, 01 Август 2010, Охрид


   
топ
15.06.2010

СОБИР И СЕМИНАР НА СПОРТСКИ КАЧУВАЧКИ ИНСТРУКТОРИ


На 26 и 27 Јуни во Охрид, ќе се одржи собир на веќе стекнати со лиценца инструктор спортски качувач и воедно семинар за сите нови кандидати за инструктори.

Пријавувањето оди преку клубовите членки на СКА кои и го имаат целиот распоред на собирот.

   
топ
01.06.2010

Државен куп во спортско качување


Место на одржување: Вештачка карпа СРЕДНО ВОДНО,Водно,Скопје
Датум на одржување: 19 Мај 2010/сабота/
Дисциплини и категории на натпревар: Тежинско и Брзинско, деца, жени и мажи
Регистрација и отварање на изолациона зона: 9.30 часот.
Затварање на изолациона зона: 10.45 часот
Оглед на насоки: 10.55 часот
Старт на полуфинале: 11 часот

Последователно по завршување на полуфиналете, по 30 минути стартува финалето за деца и жени на левата карпа.

По завршување на финалето за деца и жени, се мести насока за финале мажи.

По завршување на финалето Тежинско, стартува Брзинското.

И за крај: Прогласување со прослава по повод 13 години постоење на клубот Екстрем

   
топ
27.04.2010

Балканско Првенство во спортско качување, 23-24 Април 2010 година, Волос, Грција


Балканското првенство во спортско качување за сениори, јуниори и деца се одржа во добра познатата сала во Волос, Грција каде што има монтирано вештачка карпа тежинско и брзинско качување.

Покрај домаќините Грците беа присутни и Бугарија, Србија и нормално најдобрите Македонија. Заради веќе познатите политички фрустрации, сите земји учеснички заеднички решивме да не настапуваме со национални дресови за да не дојде до уште поголеми фрустрации кои може да кулминираат до неспортски настани.

Нашата Македонска репрезенатација настапи со следниве спортски качувачи и ги освоија следните места:

Цицибани – Во водство:
1. место – Стефан Петровски
2. место – Давид Трповски

Деца Б машки – брзинско:
1. место – Ванчо Наунов

Деца Б машки – Во водство:
12. место – Ванчо Наунов

Деца А – Во водство:
1. место – Марио Минчевски

Деца А женски – Во водство:
2. место – Елена Ивановска

Мажи – Во водство:
5. место – Николчо Петровски

Мажи – брзинско:
2. место – Николчо Петровски
3. место – Ивица Јовановски

На натпреварот учествуваа 87 натпреварувачи во сите категории!

   
топ
20.04.2010

SOUTH - EAST EUROPE COMPETITION 2010 VOLOS – ALMYROS (GRE)


Во петок и сабота 23 - 24-ти Април во Волос, Грција, ќе се одржи натпревар во качување за земјите од Југо-Источна Еворпа.

Како и секоја година и оваа нашата репрезентација ќе учествува на натпреварот. Репрезентацијата ќе биде во состав:

1.Никола Петровски
2.Горазд Николовски
3.Иван Алушевски
4.Марио Минчевски
5.Елена Ивановска
6.Ванчо Наунов
7.Виктор Трповски
8.Стефан Петровски

На нашите натпреварувачи им посакуваме голем успех на натпреварувањето. Стегаме палци за вас!!!

   
топ
26.03.2010

Првенството во болдер за сениори на Југоисточна Европа


   
топ
16.03.2010

Болдер маратон - Крали Марко - Прилеп


   
топ
02.03.2010

Поткровјето се отвори за првиот овогодишен натпревар во болдер


Значи болдер катакомбата Џамбаз, беше дувло на најдобрите болдераши од Македонија во неделата 28 февруари 2010 година.

Иако немаше голем број спортски качувачи од причина што сеуште се во зимски сон, кој немаат спортска преглед, па членарина, па маркица, сепак ова беше будење за сите и вест дека почна МКД спортско качувачка лига.

Нашите вредни местачи од СКК Екстрем, Владо, Марјан Киндалов, МОТЕЕЕЕ, со помош во лет без слетување од Лиде, Ичи и Томи, направија 25 насоки од по 7 до 15 движења. Стазите беа со оцена од 6а+ до 8а, каде е беше вметнат секаков стил на качување.

Најдобрите беа Битолчани, а меѓу најмладите Скопјани.

Значи Горазд Николовски растури, па Марио Минчевски, па Гого Јовановски, кај женсkите Елена и кај децата Виктор.

Како и да е, супер искуство беше Болдер маратонот и има интерес за него. Па може да го повториме!!!

   
топ
22.02.2010

Стартува Државната Лига во спортско качување


ДРЖАВЕН КУП - БОЛДЕР МАРАТОН, 28 февруари 2010, Скопје

Место на одржување: Болдер вежбална “Џамбаз“ -Даре Џамбаз, поткровје, Скопје.

Регистрација: од 08.30 до 09.45 часот(за регистрација е потребно членска книшка од ФПСМ со маркцица од 2010 година, печат од спортска медицина за 2010 година, платена натпреварувачка лиценца за 2010 година)

Старт: 10 часот – ќе бидат поставени обележано 20 до 3о насоки. Секој натпреварувач ќе има натпреварувачко картонче во кое ќе ги запише искачените насоки и своите обиди. Оној натпреварувач кој ќе има највеќе искачени насоки е победник.


Kraj: 15.00час – крај на дозволонето време за качување.

Прогласување на победниците!

   
топ
14.01.2010

Календар на активности за 2010 година..



Кликнете тука за да го погледнете Календарот на активности за 2010 година
   
топ
18.12.2009

Резултати од Државното првенство


Дисциплина ВОДСТВО :

МАЖИ

1. Ванчо Наунов КК “Астибо“- Штип
2. Горан Кузмановски СКК,,Екстрем“-Скопје
3. Кире серафимовски СКК ,,Но-Лимитс “-Струмица


ЖЕНИ

1. Бојана Божиновска СКК,,Екстрем“-Скопје
2. Билјана Серафимовска СКК “Но-Лимитс“- Струмица
3. Елена Ивановска СКК„Вертикал“ – Битола


ДЕЦА

1. Виктор Трповски СКК “Екстрем“- Скопје
2. Мирослав Божиновски СКК “Но-Лимитс“ Струмица
3. Стефан Петровски СКК,,Екстрем“-Скопје


Дисциплина Брзинско :

МАЖИ

1. Ванчо Наунов КК “Астибо“- Штип
2. Зоран Пејковски СКК,,Екстрем“-Скопје
3. Марио Минчевски КК,,Вертикал“-Битола

   
топ
20.11.2009

Државно првенство во спортско качување


   
топ
10.11.2009

Првенство на Југо Источна Европа во спортско качување, Софија, 6-8 Ноември


Во НСА(национална спортска академија) во Софија на најголемата вештачка карпа на Балканот се одржа првото првенство на Југо Источна европа во спортско качување во дисциплините Во Водство и Брзинско. Учествуваа Бугарија, Србија, Романија и Турција. За жал не се појавија Грците и по ново треба да се дел од ова првенство и Хрватска и Израел. Со текот на време кога IFSC ќе ги “поттурне“ ќе дојдат.

Како и да е најдобрите качувачи беа во Софија и бевме сведоци на одличен натпревар. Самата вештачка карпа нуди можности за креативни насоки, со секаков стил, а богами и голема издржливост. Поставувачи на насоките беа доајените на Бугарското спортско качување, кои во моментов се воедно одлични алпинисти и се во европскиот врв на натпреварите во качување мраз. Тоа се Станимир Стојанов, Ивајло Радков фазата, Калин Гарбов и Бојко Лалов.

Првенството беше напорно од причина што за 3 дена требаше да поминат сите категории и тоа 7-9, 10-12, млади Б, млади А, Јуниори и Сениори. Тука се покажаа како добри домаќини, сепак традицијата си го кажува своето.Ние Македонците после Бугарите бевме најбројна екипа !!!

Од ова првенство се вративме со медали во сите категории каде имаше македонци, освен во сениорската категорија, каде сеуште не можеме да парираме на најдобрите, а тој примат сеуште го имаат Бугааарите!

Како и да е можеме со гордост да кажеме дека имаме Првак на Југо Источна Европа во најмладата категорија !!! Тоа значи дека Македонската спортско качувачка школа се движи кон врвот. Честито!!! Резултатите се следни: Во Водство дисциплина

7-9год
1.Виктор Трповски(од 17)
4.Стефан Петровски

Млади Б
2.Марио Минчевски(од 10)

Млади А
3.Горазд Николовски(од 11)

Јуниори
3.Лазар Банов(од 9)

Сениори
21.Кире Серафимовски(од 30)

Сениорки
13.Бојана Бижиновска (од 15)


БРАВО МАКЕДОНЦИ!!!

   
топ
26.10.2009

Белград Трофеј, Отворено Јуниорско Првенство во спортско качување,24.10.2009


И оваа година Македонците меѓу најдобрите на 5тото традиционално отворено Првенство за трофејот на градот Белград, кое се одржа во “Хала Спортова“ во нови Београд. На првенството учествуваа натпреварувачи од Србија, Македонија, Бугарија, Романија, Словенија, Босна и Херцеговина и Унгарија, а се натпреваруваа во 5 категории, зависно од годишната возраст.

Задоволни сме од резултатите, иако очекуваме повеќе златни медали. Како и да е Македонија ви сите категории каде имаше натпреварувачи се врати со медал, а во екипно го освои 2 место.

Освоени се медали во:

Категорија 2000-01-02 годиште
2.место Виктор Трповски, 4.место Стефан Петровски и 9.место Давид Трповски

Категорија 1994-95 годиште
2.место Марио Минчевски и 3.место Ванчо Наунов

Категорија 1992-93 годиште
2.место Горазд Николовски и 4.место Лазар Банов

   
топ
26.10.2009

Болдер Првенство на Јуо-Источна европа, Нови Сад, 25.10.2009


По Белград МКД екипа замина во Нови Сад на Болдер првенството за сениори во болдер дисциплината. Иако немавме сениори да учествуваат на ова Првенство, сепак нашите Јуниори кои имаат веќе полни 16 години имаа право да се натпреваруваат. Мораме да ви кажеме дека болдер насоките беа исклучително тешки, а натпреварот беше со врвен квалитет. Со 55 натпреварувачи во машка конкуренција и 15 во женска конкуренција, нашите млади надежи се пласира на: Горазд Николовски на 25 место и Лазар Банов на 50 место.

Доминицијата беше кај Бугарските натпреварувачи!

   
топ
19.10.2009

БОЛДЕР ПРЕПОРАКИ


   
топ
06.10.2009

БОЛДЕР МАРАТОН, Прилеп, 12.10.2009


Традицијата продолжува. И оваа година ќе се одржи Болдер маратонот, собир каде ќе качуваме и качуваме и качуваме. Собирно место кај карпата “Слон“ во 10часот. Секоја член ќе подигне ливче на кое ќе запише што ќе качува тој ден. Организатор СКК “Вертикал“ Битола со подршка од Прилепчани. Поздрав и се гледаме во Прилеп.

   
топ
19-20.09.2009

СПОРТСКИ КАЧУВАЧ ИНСТРУКТОР, Демир Капија


Сабота 19 Септември се одржа семинар за сите МКД инструктори кои веќе имаат стакното лиценца. Имено според Правилникот за стекнување називи при *СКА* на секои 3 години се тестира техничко физичката спрема на инструкторите. Покрај досегашните инструктори присутни беа новите кандидати за инструктори кои го следеа семинарот. По качување на тест насоката се премина кон дефинирање на МКД стандарди (прифатени од УИАА) за осигурување со Гри Гри, преверзување на сидриште, начин на водење курс за спортско качување, спуштање со Реверсо и итн. Подетално ќе биде објавено во извештајот кој ќе биде доставан во Агенција за Млади и Спорт.

Недела 20 Септември 2009 се одржа полагање за новите кандидати за инструктори. Полагањето беше според нов начин, “работа со клиент-за еден ден за оспособи клиентот да почне да качува“. Секој кандидат имаше по еден инструктор кој пак имаше право да поставува секакви прашања, а воедно да биде обучуван како да е почетник во спортското качување. Овој систем е веќе прифатен во Франција и Италија и се покажа како одличен. Така што ние сме први во Југо Источна Европа (Балкан) што го почнавме овој систем. УРААА!!!

Полагањето помина во најдобар ред и професионално, а кандидатите покажаа дека ја владеат материјата и се подготвени да водат почетнички курсеви за спортски качувач.

Спортски качувачи инструктори кои положија на испитот и се стекнаа со назив спортски качувач инструктор се :

1. Лидија Мимова
2. Марјан Киндалов
3. Мотески Михајло
4. Слободан Хаџи Илиев
5. Марјан Кузевски

Честито !!!

   
топ
02.09.2009

ФАНТАСТИЧНО ФИНАЛЕ НА СВЕТСКОТО ЈУНИОРСКО ПРВЕНСТВО, ФРАНЦИЈА


Како на Олимпијада, беше завршната церемонија на финалето за категориите Млади А, Млади Б и Јуниори/ки во дисциплини во Водство и Брзинско.

На него учествуваа натпреварувачи од целиот свет впрочем од 39 земји. Светското Првентсво се одржа во Валенце, Франција и траеше 3 дена. Нашата репрезентација не зема учество од познати причини иако се подготвуваше.

Во салата каде беше монтирана вештачката карпа имаше 7000 гледачи и беше невиден спортски настан.

Брилијантно поставените насоки од поставувачите, придонесоа да качувачите го покажат своите досега стекнати искуства во техника, сила и издржливост.

Инаку во женска категорија победници се:
Јуниорка – Шарлоте Дуриф ФРА(5 пати Светски Првак), Млади А – Катерина Чонг ШВА, Млади Б – Катерина Пош АУТ.

Во машка конкуренција:
Јуниори – Јакоб Шуберт АУТ, Млади А – Адам Ондра ЧЕХ РЕП, Млади Б – Себастијан Наленке ГЕР.

Се надеваме следното Првенство ќе учествуваме и ќе се закитиме со некој медал.

П.С. Фотографии од Првенството овде: http://www.mineral-spirit.fr/competition/finales-diff-29-08.html

   
топ
08.07.2009

АКТИВНОСТИ



Почитувани,


Поради трагичниот инцидент кој се случи на Матка и големата загуба на нашата најдобра качувачка Елена Костовска, СКА одлучи да ги стопира сите предвидени активности во наредниот период.

Истотака апелираме до сите клубови да внимаваат односно да се препрочитаа сите правилници за работа и безбедност, доколку планираат некоја клубска активност.
   
топ
28.06.2009

WORLD CHAMPIONSHIP 2009, Xining, Qinghai (CHN), 30 Jun. - 5 Jul.


Првиот Македонец кој качува во Кина, сега и ќе се натпреварува во Кина.
Во деновите од 30 Јуни до 5 Јули во Кина ќе се одржи Светското Првенство во спортско качување. Учество ке земе и нашиот ИЛИЈА РИСТОВСКИ. Целото првенство можете да го следите на веб страната на IFSC = http://www.ifsc-climbing.org.

Поздрав до Иле и само напред, ја имаш целосната подршка од сите спортски качувачи од Македонија.
   
топ
17.06.2009

Старо нов Претседател на ФПСМ





Денеска 17 Јуни во свечената сала на ДХО “Даре Џамбаз“ во Скопје, се одржа изборно собрание на ФПСМ. Имено на досегашниот претседател Јовица Угриновски му заврши мандатот кој му беше втор. Иако како што и самиот тој изјави дека му сепак доста од претседателствување, сепак прифати да се кандидира за трет мандат, бидејќи и самото членство тоа го бараше.

Сепак се започнати проекти во кој е и тој вклучен, а истите треба да се завршат успешно. Негов против кандидат беше Јован Попоски, нам добро познат како алпинист, водач на Хималајските експедиции и долгогодишен активист во Македонскиот алпинизам. По тајното гласање на 24 делегати, новиот претседател е избран со 20 гласа за Јовица Угриноски, наспрема Јован Попоски ос 4 гласа.

Нека ни е честито старо новиот претседател проф.Др. Јовица Угриновски кој се заложи за максимално афирмирање на целата Федерација, зголемување на рејтингот на нашите спортисти и достигнување врвни резултати.

Со спортски поздрав !!!
   
топ
26.05.2009

ДЕМИР КАПИЈА 30-31 Мај 2009





Имаме чест и задоволство да Ве поканиме на РОК ТРИП натпревар и воедно спортско качувачки собир, кој ќе се одржи на Демир Капија и тоа:

Сабота, 30 Мај:
- Пристигнување;
- РОК ТРИП качување по избор кој кога ќе дојде и може да почне со качување при подигање на картонче;
- Вечерна забава во Калабастер – скара, пивце, сок за помладите;

Недела, 31 Мај:
- 09.00часот – Старт на Рок Трип натпреварот за сите кои нема да учествуваат на УЛТИМАТ НАСОКА
- 10.00часот – Старт на Ултимате насока качување
- 18.00часот – Завршување на Рок Трип натпреварот
- Затворање на собирот;

ПРАВИЛА ЗА РОК ТРИП натпреварот:
Па само качувај, качувај и качувај! Тој што ќе има најмногу искачени насоки е победник.
Сите оние кои ќе се натпреваруваат на УЛТИМАТ НАСОКАТА, нема да бидат дел од Рок Трипот во недела. Значи на новата насока која е направена пред минатата недела и која сметаме дека ќе има тежина потешка од 7b, сите кандидати ќе имаат можност од 30 минути да качуваат. Кој најмногу ќе искачи во тој временски период, не зависно со колку пада ќе биде победник. Доколку нема голем кандидати за УЛТИМАТ НАСОКАТА, ќе им се зголеми времето за качување на неа.

Напомена: Секој клуб одговара за своите членови.
   
топ
22.05.2009

АКЦИЈА ОТВОРАЊЕ НАСОКИ




На Демир Капија од 17 до 20 Мај старата екипа Владо, Брба и Кире направија акција за отворање нови насоки. Имено за 3 дена се отворија 11 нови насоки со тежина од 6а до 7с. Дел од насоките се отворени во нов сектор десно од Калабастер насоката односно во секторот Колосеум. Иако многу се очекуваше од таа карпа, сепак не нуди идеално услови за тешки убави насоки. Како и да е со многу чистење се отворија нови 3 насоки со должина до 40 м, а тежинаа треба допрва да се одредеува. Само за информација десно од тие насоки капрата прдолжува во уште еден амфитеатар кој пак нуди идеални услови за многу насоки со цврста карпа.

Другите насоки се во секторот ВДД каде сега има вкупно 12 насоки само таму.

Потоа 2 нови насока во секторот Радар Петра.

Сега преостанува да се качат овие насоки, а за тоа ќе имаме можност на престојниот Рок Трип.

Напорно тренирај, за да супер качуваш!
   
топ
22.04.2009

Качувачка експедиција, Гејикбајири, Турција 11 до 20 Април 2009




Македонци ако не можеме да се гордееме во нешто друго еве ви причина да се гордеете во нашиот Ване и Кире.

Имено 16 члена екипа спортски качувачи од Скопје, Штип и Струмица беа гости во кампот ЈоСиТо во Гејикбајири, во близина на Анталија, Турција.

Таму требаше да се одржи UIAA Youth climbing camp ама поради некои недоразбирања помеѓу Турската Федерација и UIAA, председателот на UIAA Youth комисијата Ана Аран го откажа настанот. Така да и покрај тоа што немаше официјален качувачки камп, сепак качувачите од цел свет се дружеја и качуваа. Кога велам качуваа, навистина мислам на “здраво“ качување. Секој поединец искачи по 50насоки и тоа со тежина од 5с до 8а+. Како резултат на ова имаме и со што да се пофалиме, а тоа е Ванката кој уште од првите денови заедно Кире и фрлија мерак на насоката “Персус“ која беше првата 8а насока направена во Турција од страна Тобијас Заинцингер(отварачот на 500 насоки во Турција, Германец од Минхен). По неколку обиди нашиот Ванка ја искачи насоката и со тоа стана(по наше, Турско и Германско мислење) најмладиот качувач на Балканот па и пошироко кој искачил 8а тежина на 14 години. Секоја чест Ване.

Истотака треба да се пофалиме со нашиот Кирца кој му беше гуру на Ване и искачи “на поглед“ насоки со тежини 7а, 7а+, 7б, 7б+, 7с. Тука не влегуваат и искаченеи насоки со еден и два пада кои беа со тежина 7с+,8а, 8а+. Ова е веќе голем чекор напред во МКД качување. Покрај нив и новите и младите наши качувачи со искачените голем број насоки си го кренаа личното качувачко ниво. Мирјана и Виктор двајцата по девет години водеа насоки со тежина 6а.

Целиот тим беше сотавен од Владо, Виктор, Лиде, Маја, Томи, Ичи, Ана, Јован, Бојана (СКК“Екстрем“), Ласте, Ване, Мирјана, Марија (од СКК“Астибо“) и Кире (АСКК“Но Лимитс“).

Поздрав до сите качувачи во Македонија и ова нека ви преставува поттик за качување потешки насоки, а ние “старата школа“ ќе се потрудиме да ви направиме повеќе насоки низ Македонија.
   
топ
17.03.2009

НАЈАВА



   
топ
03.03.2009

Прв натпревар во 2009




Освен што беше прв натпревар во 2009 година, тој беше и прв експериментален натпревар од ваков вид. Како и да е помина супер, освен забелешките кои околку собирањето на бодовите по натпревар, кои преизвикаа незадоволство кај некои натпреварувачи, кое сепак беше исправено. Од таму крајниот редослед на победниците во сите категории изгледаше вака:

МАЖИ ЖЕНИ ДЕЦА
1.Мирче Трајчевски АК “Вертикал“ Битола 1.Билјана Серафимовска СКК “Но-Лимитс“ Струмица 1.Виктор Трповски СКК “Екстрем“ Скопје
2.Кире Серафимовски СКК “Но-Лимитс“ Струмица 2.Маја Петровска СКК “Екстрем“ Скопје 2.Леон Огњановски СКК “Екстрем“ Скопје
3.Томи Стефановски СКК “Екстрем“ Скопје 3.Елена Костовска АК “Вертикал“ Битола 3.Мирче СКК “Но-Лимитс“ Струмица


Се качуваа 11 насоки со тежина од 5с до 8а, а најдобрите искачија по 9 насоки од прв пат и уште по 3 насоки со падови. Како и да е моралот беше голем кај сите натпреварувачи и ќе треба да се повтори оваков тип на натпревар.

Поздрав до сите спортски качувачи во Македонија!

   
топ
24.02.2009

I ДРЖАВЕН КУП ВО СПОРТСКО КАЧУВАЊЕ 2009 година





Организатор: СКК “ЕКСТРЕМ“ Скопје
Дата: 01(недела) Март 2008 година
Место на одржување: Вештачка карпа-Спортска сала, Машински факултет Скопје
Судии: Претседателот на Судиската комисија ќе ве информира дополнително
Судија поставувач на насоки: Владимир ТРПОВСКИ

Распоред на натпреварот:
09.00часот – Отворена салата за секого НЕМА ИЗОЛАЦИЈА
10.00часот – Старт на натпреварот за цицибани, јуниори/ки и членови ВО ВОДСТВО
16.00часот – крај на качувањето за цицибани и јуниори ВО ВОДСТВО
17.00часот – Старт на БРЗИНСКО

Како што забележувате од распоредот ова е прв ваков вид натпревар кај нас. Значи нема изолација, сите натпреварувачи се во салата покрај карпите и качуваат. Имаат на располагање 11 насоки и секоја насока е со различна тежина. Секоја тежина носи одредени поени, што потешка насока тоа поголема оцена.
Пример: 8а насока 1.000 поени качување од прв пат без пад, 800 поени качување од втор пат без пад во второто повторување итн. Оној кој ќе има најповеќе поени е ПОБЕДНИК !


НАПОМЕНА: Сите натпреварувачи треба да имаат подигнато и платено натпреварувачка лиценца за 2009 година, а на регистрација и треба да покажат членска книшка од ФПСМ со маркица, потоа лекарски преглед и Осигурување. Доколку ги немаат овие норми регулирано нема да може да се натпреваруваат.
   
топ
31.01.2009

Календар на активности за 2009 година..



Промена(31.1.2009)!!!

Кликнете тука за да го погледнете Календарот на активности за 2009 година
   
топ
22.12.2008

ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО, Скопје 20.12.2008


ЗАВРШИ НАТПРЕВАРУВАЧКАТА СЕЗОНА

Во смирена атмосфера со не многу публика(тешко саботно будење) се одржа последниот натпревар од државната спортско качувачка лига во 2008 година.
Се течеше во најдобар ред, освен мала пропуст што ја направивме, а тоа се стазите за децата во Брзинско. Малку ги преценивме и гу пуштивме да се натпреваруваат на истите стази од сениорите. Како и да е, се стекнаа со искуство.

Резулататите се следни:
ВОДСТВО
МАЖИ ЖЕНИ ДЕЦА
1.Јован Иванов СКК “Астибо“ Штип 1.Марија Спасова СКК “Астибо“ Штип 1.Леон Огњановски СКК“Екстрем“ Скопје
2.Ванчо Наунов СКК “Астибо“ Штип 2.Елена Ивановска АК “Вертикал“ Битола 2.Виктор Трповски СКК“Екстрем“ Скопје
3.Мирче Трајчевски АК “Вертикал“ Битола 3.Елена Костовска АК “Вертикал Битола 3.Дарко Николовски АК“Вертикал“ Битола
 
БРЗИНСКО
МАЖИ ЖЕНИ ДЕЦА
1.Горазд Николоски АК“Вертикал“ Битола 1.Леон Огњановски СКК“Екстрем“ Скопје
2.Дејан Петровски СКК“Екстрем“ Скопје 2.Виктор Трповски СКК“Екстрем“ Скопје
3.Мирче Трајчевски АК “Вертикал“ Битола 3.Мирјана Стојанова СКК“Астибо“ Штип

   
топ

 

 
Линкови/LINKS





 

Copyright © 2005, All rights reserved