Крали Марко болдер фестивал 2017

Крали Марко болдер фестивал 2017
Во организација на Македонската спортско качувачка фрдерација, СКК Златоврв, од Прилеп и општина Прилеп, трдицијата продолжува по седми пат и во 2017 год.
За разлика од минатата година, годинава собирот ке се одржи во подножјето на „Камена Баба“, со поставување импровизиран камп на местото на првиот собир.
Датумот е 14-16 април, се надеваме дека временските услови ке не послужат!
На собирот ќе ни се придружат и „Баланса“ слеклајн тимот од Словенија и нивни пријатели од повеќе држави. Нивната локација ќе биде во подножјето на манастирот „Трескавец“, кај антените и параглајдинг стартот!
 
Петок
14.04.2017
* Отварање на кампот, поставување на шатори и прифаќање на учесниците.
*Пријавување за болдер натпреварот, појаснување на правилата.
* Видео проекции со тематика болдер и хајлајн
* Логорски оган
 
Сабота
15.04.2017
* Подготовки за натпреварот.
* 11,оо ч. Почеток на натпреварот.
* 16,оо ч. Затворање на натпреварот, сумирање на резултатите од страна на судиското жири.
* 19,оо ч. Церемонија на прогласување на најдобрите во сите категории.
* ROCK PARTY, славеничка забава со логорски оган.
 
Недела
16.04.2017
* Активности по слободен избор на учесниците.
* Попладнето затворање на кампот.
 
НАПОМЕНА ДО УЧЕСНИЦИТЕ
 
* За прв пат оваа година, организаторот обезбеди солидни парични стредства, како награди за првопласираните тројца натпреварувачи во машка и женска конкуренција. Со тоа сакаме да ги мотивираме нашите најдобри качувачи да се пријават и освојат некоја од наградите!
* Секој учесник кој ќе сака да се натпреварува ќе мора дас е пријави кај организаторот со купување на натпреварувачки пакет во вредност од 300,оо ден.
* Секој натпреварувач со себе обавезно треба да носи крешпед.
* Секој натпреварувач и учесник настапува на сопствена одговорност во случај на повреда или друга штета!
 
НАТПРЕВАРУВАЧКИ ПАКЕТ
Маичка со лого на собирот
Енергетски и витамински производи.
 
Драги пријатели, да споделиме незаборавни искуства и доживување на гранитните карпи околу Прилеп, на седмиот Крали Марко болдер и хајлајн собир 2017.
 
За сите информации во врска со собирот обратетесе на следните контакти,
Христо Белакапоски +389 75 600 315
Игор Јанкоски   +389 75737 157