Секоја година, спортски качувачи се повредуваат, некоi гинат, а само мал процент искусни качувачи не биле вклучени во сериозни инциденти. Една од причините е дека качувачите кои се стекнале со искуство може да станат премногу сигурни во себе и безгрижни во однос на безбедноста во качувањето. Ова може да се забележи кај качувачи кои се чувствуваат навредени кога некој ќе бара од нив да им се провери нивниот чвор наврзан на појасот, контролата на користење на алатката за осигирување итн. Меѓутоа, ако планирате да останете живи по илјадници искачени насоки, важно е да се останете смирени и да го поттикнете вашиот партнер да самиот се провери и со тоа да помогне да се избегнат големи ризици и катастрофални последици. Кога шведскиот национален тим се качуваше односно тренираше со Франсоа Легранд, 3-пати светски шампион, тој побара од нив да му го проверуваат неговиот чвор!
Ние веруваме дека најчестата грешка е лошата комуникација. Во многу други спортови изведувани во парови, како на пример нуркање, задолжителна е проверката на опремата на вашиот партнер и контрола на користењето на командите под вода. Оваа "пријателска-проверка"е служи за намалување на човечкиот фактор за грешка и зголемување на комуникацијата. Во качувањето, ризиците можат да бидат значително намалени, ако и двајцата партнери си ги проверат чворовите, потоа поставувањето на алатката за осигурување и да си ги повторат командите пред да започнат со качувањето. Исто така, ако некој ви приоѓа и ви дава совети за сигурност, не се навредувајте, покажете дека го цените тоа и пренесете го искуството на качувачи, се разбира доколку вреди.
Подолу следуваат 5 важни совети кои можат да помогнат да се зголеми безбедноста на качување за вас и вашиот партнер.
1. Осигурување:
• Техника на осигирување - осигурувај динамички за да се избегне статички пад. Со статичко осигурување во комбинација со една нога зад јажето може да креирате замав што ќе ви ја донесе (удри) прво главата во карпата.
• GRI-GRI техника - Општи грешки се: премногу тенко јаже, извртен карабинер(вратничката од карабинерот се потпира на појасот или GRI-GRI-то) и недржење на "мртвото" јаже во раката.
• Невешт качувач - погледни го качувачот и коментирај за небезбедно качување, како што е нога во внатрешно јаже.
2. Чистење насока
• Сидриште - секогаш користете две точки(карабинери, клина) на крајот на насоката. Ако има само еден, обидете се да го користите последниот вкопчан комплет како безбедносна подршка за спуштање и Топ Роп качување.
• Топ Роп на сидриште – никогаш не качувајте односно не дозволувајте јажето да поминува диркетно низ постоечкото сидриште(карабинери, лепени клинови...). Јажето за топ роп качување секогаш се вкопчува во комплети. На тој начин се зголемува трајноста на сидриштата и нивната безбедност.
• Наредби - Секогаш повторувај си ја командата, како "сигурно осигурување", пред да подадеш јаже при осигурување и при поставување на јажето во алатката за осигирување.
• Спуштање надолу – раката која го држи "мртвото јаже" треба да биде поставена колку може пониско на јажето кое влегува во алатката за осигурување, така што навреме ќе може да се реагира ако јажето е на крај. На тој начин и се намалува можноста да се повреди дел од вашата дланка со влегување во самата алатка за осигурување.
• Чвор на крај на јажето – Задолжително врзување чвор “8“ на крајот од јажето.
• Вадење комплети – Вадење комплети на надвисна насока може да предизвика замав. Бидете сигурни и правилни во работата бидејќи може да настане голем лак и при ослободување на последниот комплет да се удри во тој што осигурува и да се удри на тлото.
3. Run-outs/ Scrambling /Soloing
Скоро секој качувачки ден се ставаш себеси во голем ризик со тоа што би "истрчал" лесна карпа искачување. Еден мал пропуст, како што е лизгање или одрон или кршење на фаќалиште, може да доведе до сериозни повреди или смрт. Ова се случило на пријател на 8а страната и тоа на насока со тежина 3, и тој заврши во хеликоптер за спасување.
Соло качувањето вклучува огромен ризик и секогаш е непријатно за да биде сведок на несреќата. Соло качувањето на некоја популарна карпа без свој спасувачки тим, е неправедно за другите качувачи во карпата.
4. Паѓање камења

Во спортско качувачките локалитети најмногу, тие што ги прават насоките за качување го вршат туркањето и чистењето ронливи камења во карпата. Сепак, секогаш постои потенцијал за паѓање на уште камења, а причините се температурните разлики, разновидноста на качуавачките стилови на самите качувачи. Како качувач, веројатно сте имале мали камчиња и камења кои сте се обидувале да ги искористите за нога или за рака при качувањето, кои се скршиле или се одронале. Иако поретко, ова се случува исто така и со големи камења, кои се потенцијални предизвикувачи на сериозни повреди на качувачите. Ова значи дека треба да се внимава, особено во области со ладни зими, каде што мразевите се формираат во пукнатините, и со тоа "помагаат" да претходно цврста карпа да стане многу ронлива.
5. Кршење-кинење на карабинер и на другата опрема
Качувачката опрема е подлежна на ригорозни тестови, за да ги задоволи високите стандарди за квалитет и безбедност. Сепак, веднаш штом ќе започнете со користење на опремата за качување, проучете го начинот употреба и стандардите за безбедност.
Затоа:
• Карабинер – кој е веќе изеден од премногу вкопчување односно висење на него во клин, е веќе со слаб квалитет и треба да се исфрли од употреба.

• Ушки и типли – Типлата може да пукне доколку е премногу стара или кородирана. Многу често се случува да испадне навртката на самата типла. Тоа се случува од температаурните разлики и од движењето на карпата. Пожелно е секој качувач да носи со себе клуч #17 како дел од својата опрема, за да доколку затекне лабава типла на клин, да ја затегне.

• Јажето - Користете различен крај на јажето при секое качување и скратете 5m од јажето, за да биде јажето безбедно. Секако ова се прави доколку има потреба за тоа.
• Појас - Делот на појасот каде се наврзува јажето секогаш прво страда. Затоа проверете го и посоветувајте ги пријателите качувачи да го направат истото.
|