насловна за МСКФ контакт регистрација за натпревари english
Правилници Пријави Календар Локалитети Комисии Репрезентација
Упатства
Исхрана на спортски качувач
Здрава исхрана
Болдер вежбална Џамбаз
Оценување теорија или пракса
Болдер оценување
Тренинг за спортски качувачи
Спречување спортски повреди
Карпа
Адреналин
Попис на најтешки насоки во светот со нивните основни информации

 

 
Упатства
ПОПИС НА НАЈТЕШКИТЕ НАСОКИ ВО СВЕТОТ ВО МОМЕНТОВ СО НИВНИТЕ ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ

Име на насоката

Тежина

Должина

Качен од

Година

Кач. Локалитет

Повторувач

Чилам Балам

9b+

82м, околу 350 движења

Бернард Фернандез

2003

Малага, Шпанија

Нема

Акира

9b

20м

Фред Рулинг

1995

Вилхонеур,
Франција

Нема

Биографи

9а+

40м

Крис Шарма

2001

Цеус,
Франција

С.Миллет
П.
Ушбиага

Ла Рамбла

9а+

45м

Рамон Јулиан

2003

Сјурана,
Шпанија

Нема

Орујо

9а+

?

Бернабе Фернандез

1998

Арчидона,
Шпанија

Нема

Виолент њубреед

9а+

10м

Џон Гаскин

2004

Равен Тор, Англија

Нема

Флат Моунтаин

9а/а+

33м

Јуџи Хирајама

2003

Футогојама,
Јапан

Нема

Бимбалуна

9а/а+

20м

Франсоа
Никол

2004

Сент Лоуп,
Швајцарија

Нема

Флекс Лутор

9а/а+

40м

Томми Калдвел

2003

Фортрес оф Солитуде, САД

нема

Потешко од 9а?

Во почетокот немаше некои проблеми околу оценувањето на насоките во светот. Границите лесно се поместуваа се до 1991 година, кога покојниот Волфганг Гулих у Франкејура ја искачи “Action Direkt”, првата 9а во светот. Нажалост со неговото заминување почнуваат и првите проблеми.

Годината 1995. Фред Роулинг за неговата насока “Акира“ предлага 9b оцена, меѓутоа преостанатите светски качувачи наместо да се испробаат во насоката и да го дадат своето мислење и оцена, тие го исплукаа и го потценија Фред Роулинг. Тој, до ден денес не се опоравил од омаловажувањето и стекнатиот лош имиџ од Француската јавност за насоката Акира. Истата судбина ја доживејале и другите две негови насоки со оцени 9а – “Хугх“ и “Л’аутре кот ду циел“, иако се први досега повеќе пати повторени насоки и се со докажани оцени, а во “Акира“ влегле да качуваат многу познати светски качувачи како Јуџи Хирајама, Франсоа Легранд и не успеале да ја искачат, а нивните изјави биле дека насоката е тешка и се сигурно повеќе од 9а?. Иако Акира беше качена подоцна од оние две насоки кои имаа оцена 9а, сепак јавноста не се осмелуваше да и даде оцена 9b. Но и тоа се заврши со качувањето на Фед Роулинг, па така имаме насока со 9b оцена.

Човек без “длаки“ на јазикот е и легендарниот Шпанец Бернабе Фернандез, кој дигна прав во светот на спортското качување во 1998 година, кога за насоката “Орујо“ предложи оцена 9b+. Меѓутоа права сензација се случи 2003 година кога ја качи насоката “Чилам Балам“ со оцена 9b+. Невозможно а !. Можеби, но сега никој не противречи додека не проба да ја искачи насоката.
Мораме да истакнеме дека и Бернабе е исплукан, посебно од страна на Алекс Хјубер кој јавно на интернет на целиот качувачки свет ја објаснуваше причината зошто Бернабе е лажго, иако насоката ја нема видено, а камоли пробано. Тажно за таква качувачка легенда како што е Хјубер.

Општ проблем при оценување на најтешките насоки е тоа што најдобрите спортски качувачи (секоја чест на исклучоците) ретко имаат желба и волја да вложат напор во повторување на некоја насока. Сигурно им е под нивната чест да се мачат во некоја насока кој некој друг ја искачил или пак некој друг имал неуспех. На тој начин препирањата и караниците траат со години, се додека некој или некои не ја повторат и да се потврди оцената или пак воопшто никој нема да влезе да ја качи, а таа цела врева околу оценувањето ќе остане една голема мистерија. Признајте, тажна состојба за најубавиот спорт на светот.

Фала богу што меѓу нас нема качувачи како Бернабе и Роулинг, кои со своите насоки пробиваат мраз и не се плашат да кажат што мислат. Впрочем оцените не се најважната работа во качувањето, слободата на изразување на своето мислење не смее да се загуби. Има полно врвни спортски качувачи во светот, па тие нека повторуваат насоки и нека ги симнуваат оцените доколку има потреба. На овие двајца треба да им заблогодариме што денеска качувачите можат да предложат оцена на насока со тежина 9а, а да не бидат изложени со оговарање, клевети и критики од јавноста и на крајот да им за тоа, им благодариме.

Иако Волганг Гулих можеби беше најдобриот спортски качувач на сите времиња, тешко е да се верува дека најтешките насоки на светот и ден денес не ја преоѓаат границата 9а, која тој ја постави пред 13 години. Впрочем тој никогаш не се воздржуваше да го каже своето мислење, како инаку и ги качил сите тие револуционерни први во свет насоки со оцени 8b, 8b+, 8c и 9a.

И така се е релативно, а гравитацијата е само теорија!
 
Линкови/LINKS

ПОГЛЕДНИ!!!

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

 
Copyright © 2005, All rights reserved