прогласување најдобри спортисти за 2018

прогласување најдобри спортисти за 2018

Со многу гости и вљубеници на спортското качување, во супер атмосфера во Болдербар во Скопје, на 08 Февруари 2019 година, се одржа прогласувањето на најдобрите спортски качувачи за 2018 година. Пехари добија најдобрите натпреварувачи во одредени категории од Националната спортско качувачка лига за болдер и водство дисциплините и тоа Игнат Санев од Астибо Штип, Доротеа Илиевска од Златоврв Прилеп, Михаела Санева од Астибо Штип, Васил Караѓозов од Астибо Штип и Цвете Јандреоска од Златоврв Прилеп.

 

Потоа наградени беа најдобрите на природна карпа и тоа најдобри спортски качувачи на природна карпа-Болдер за Марио Минчевски и Наталија Ристевска од СКК Вертикал Битола и најдобри спортски качувачи на природна карпа-Водство за Марија Тасева од СКК Матерхорн Охрид и Томи Јордановски од СКК Екстрем Скопје. Исто така се доделија и дипломи на новостекнатите инструктори спортски качувачи кои во 2018 година го положија курсот за инструктори и тоа се Билјана Талевска, Томи Јордановски, Јован Ивано и Виктор Трповски. Честитки!