Собир и семинар на инструктори

Собир и семинар на инструктори
Како и секоја година, така и оваа 2019 година се одржа собирот и семинарот за инструктори спортски качувачи при МСКФ. Сите лиценцирани инструктори се собраа во Демир Капија, се повторија унифицираните системи, се качуваше, се обновија првите спортско качувачки насоки на ВВД секторот, се потсреди теренот под насоките исто така во ВДД секторот и воедно се одржа полагање за новите кандидати за инструктори. Се на се продуктивен и активен собир. Новите инструктори кои положија се Марио Минчевски и Влатко Деловски од СКК Вертикал Битола и Ненад Радевски од СКК Екстрем Скопје, честито!