Светско Младинско Првенство Гуанзоу 2016

Светско Младинско Првенство Гуанзоу 2016
Заврши и ова за нас второ по ред учество на Светско младинско првенство во спортско качување во сите три дисциплини, кое се одржа во Гуангжоу, Кина. 
За прв пат Виктор Трповски кој се натпреваруваше во категоријата Млади А влезе во полуфиналето во болдер дисциплината. Можеме да истакнеме дека "мрдаме" према нагоре полека но сигурно, имајќи во предвид дека оваа качувачка сезона за прв пат учествуваме на сите младински купови и првенството, каде што не е случај со другите репрезентации кои од 14 годишна возраст нивните тимови се редовно присутни на сите меѓународни натпревари. 
Кина беше едно големо искуство, искуство со размена на искуства, дружба и заедничко навување на качувачи од Австралија, Јужна Африка, цела Европа, па се до Чиле. 
Големо изненадување беше златниот медал на Борна Чијиќ од Хрватска во категоријата Јуниори кој изминативе 10 години напорно тренираше и никако не можеше да влезе ниту во финале, но ете на неговото последно младинско светско првенство тој го освои првото место во болдер. Поздрав до фамилија Чујиќ. Тој е доказ дека напорниот и посветен тренинг и посетеност на натпревари вродува со плод. 
Со ова првенство го заокружуваме овогодинешниот натпреварувачки караван и сега не чекаат насоките на природна карпа!!!
Голема благодарност до Агенцијата за млади и спорт, Спорт М и до сите вас кои навивавте за нас и не подржувавте на сите наши натпревари ширум светот.
Со спортски поздрав до следната 2017 натпреварувачка сезона !