АТОМСКА МРАВКА 2025
На 14ти Јуни во Скопје, на големата вештачка карпа во Карпош 4, се одржа традиционалниот натпревар “Атомска Мравка“ за категориите до 15 годишна возраст. Воедно тоа беше и официјално Балканско Првенство во тежинско за истите категории.
Учествуваа репрезентации од Македонија, Србија, Бугарија, Грција, Босна и Херцеговина, Турција и Романија, со вкупно 123 натпреварувачи.
Македонските медалисти беа Дарија Ристоска со освоено 2место во категорија до11 години и Калина Ивановска 1 место во категорија до 15 години.