Секоја година прогласуваме најдобри спортски качувачи на природна карпа. Оваа година иако сме под посебни условни мерки на живеење, успеавме скромно со запазување на мерките да ги прогласиме најдобрите за 2020 година.
Тоа се:
* Наталија Ристевска, од СКК Вертикал Битола, која искачи 7b болдер насока во Прилеп и со тоа ја крена женската историска тежинска оцена.
* Марио Минчевски, од СКК Вертикал Битола, кој искачи 8а+ болдер насока во Прилеп и со тоа ја крена машката историско тежинска оцена.
* Влатко Деловски, најдобар ветеран спортски качувач за 2020 година, истотака од СКК Вертикал Битола.
МСКФ на сите им додели парични награди покрај Диоломите.
Во нивните искачувања може да уживате на Facebook страница на СКК Вертикал.
Честитки за нив!