Пластикмен 2019

Заврши и овогодинешниот “Пластикмен“ воедно и Државно првенство-Болдер натпревар. Најмалите натпреварувачи во категориите Млади од Б до Ф стартуваа од 10 часот и имаа задача да искачат 21 болдер насока. Насоките беа со различни тежини и најмалите се бореа како “лавови“ за да искачат што повеќе насоки. Победници имаше од сите Македонски спортски клубови, што е за пофалба!
Сениорите и рекреативците стартуваа од 18.00часот и имаа на располагање 24 болдер насоки. Најдобрите од машка категорија искачија 21 насоки, а од женска 15 насоки.
Поздрав до следната качувачка сезона!