Собир и семинар на инстурктори 2024

На 30 и 31 март 2024 во Демир Капија се одржа собир на инструктори при МСКФ.
Во саботата се работеше на секторот Пирин и беа исклунчени две нови кратки насоки, се уредуваше теренот и се дискутираше за новитетите и стандардите за безбедност.
До крајот на денот беа утврдени и бодувањата за инструктори со кои ќе се подобри работата на комисијата во иднина.
Во неделата семинарот продолжи во спортската сала каде што се подготвуваа новите насоки за престојниот натпревар.
Дополнително, комисијата за судии ги презентираше новите измени во правилата за натпревари и одржа обука на тројца нови приправници судии.
Собир и семинар на инстурктори 2024