Од 21 до 31 октомври 2024 се одржа светското младинско првенство во Гујанг-Кина. Македонскиот тим го сочинуваа двајца натпреварувачи, Матеј Марков (У18) и Павале Николовски (У16) предводени од тренерот Јован Иванов.
Матеј Марков во У18 со резултат на двете насоки од 17+ и 11 заврши 57ми (од 64) а Павел Николовски во У16 со 14+ и 12+ заврши на 41ви (од 47).
Во болдер , Матеј Марков со 1 зона заврши 64ти (од 73 натпреварувачи)