Светско Младинско првенство - Воронеж, РУС

Светско Младинско првенство - Воронеж, РУС

И официјално заврши СВЕТСКОТО МЛАДИНСКО ПРВЕНСТВО ВО СПОРТСКО КАЧУВАЊЕ во Воронеж, Русија. 

Нашата репрезентација е дома со едно ново огромно искуство позади себе и со многу голема мотивираност за во иднина.
За жал, нашиот квалитет не беше доволен за влез во полуфиналните и финалните натпревари во болдер и водство, каде што повторно доминираа Јапонците, Амеркинаците, Словенците и останатите европски земји кои вложуваат во овој спорт со децении и каде многумина од спортските качувачи се национална гордост.
Среќни сме што Македонија се појави на светската сцена по пауза од неколку години, но пред нас престои уште многу работа за подигнување на натпреварувачкото ниво во земјата.